Фонд за депозити – еве што треба да знаеме за сигурноста на парите

Во домашните банки македонските граѓани на крајот на ноември чувале 6,2 милијарди евра. Само во однос на еден месец претходно, односно во споредба со октомври, граѓанските штедни влогови се зголемени за дури 113 милиони евра.



Ова го покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија, кои се однесуваат за претпоследниот месец од оваа година.

А тие несомнено говорат дека македонските граѓани, особено оние кои немаат преголеми вишоци на средства или едноставно не се толку храбри, сепак, и натаму ги преферираат домашните банки за чување на парите. Иако, во последниов период Берзата им е сериозна конкуренција, а инвеститорите се повеќе инвестираат во најдобрите, најликвидните и најтргуваните хартии од вредност. А, одредени наши граѓани инвестиртаат и во криптовалутите.

Сепак, да се дадат на доверба на банкарскиот сектор 6,2 милијарди евра од граѓанството, за македонски услови е многу висока сума, а банките треба да ја респектираат оваа доверба.

Секако дека една од причините зошто граѓаните имаат доверба во банките, особено оние што чуваат не толку високи влогови, е и Фондот за осигурување на депозити. Како што е познато, доколку имате влог од 30 илјади евра во било која од 13-те домашни банки, и доколку не дај боже настане ризичен настан и таа банка западне во стечај или ликвидација, вашиот влог од 30 илјади евра целосно ќе ви биде исплатен. А доколку имате повеќе, ќе мора да чекате и да бидете линеарно обесштетен од стечајната маса на банката, заедно со другите нејзини доверители.

Токму Фондот за осигурување на депозити спроведе истражување на јавното мислење во периодот од 21 ноември до 5 декември оваа година.

Од Фондот ги споделија со јавноста резултатите од нивното истражување.

Од таму велат дека ова е второ истражување на јавното мислење спроведено во Фондот за осигурување на депозити, откако првото беше спроведено во декември 2019 година.

Оттаму велат дека се задоволни што расте довербата и воопшто знаењето на граѓаните дека Фондот е гарант за нивните депозити.

Ова се всушност резултатите од анкетата.

Дури 83,6 отсто од испитаниците знаат дека Фондот за осигурување на депозити ги гарантира банкарските депозити.

Дури 72,7 отсто од испитаниците сметаат дека банките се сигурно место за чување на заштедите.

Во 2024 година процентот на граѓани кoи знаат дека депозитите се гарантирани од некоја институција во државата се искачил на 30,5 отсто, за разлика од 2019 година кога овој процент изнесува само 9 отсто.

Целиот текст прочитајте го тука.