„Фол“: Политичкиот крај на Таравари е поблиску од кога било досега, поради неговиот самоуништувачки курс! Тој предизвика хаос во АА!

„Со своите најнови противречни потези  Арбен Таравари докажува дека ја загубил целосно контролата врз ситуацијата во Алијансата за Албанците, која е во целосен хаос, по заминувањето на најважните личности од АА, вклучувајќи ги и раководителите на ограноците. Најновите манипулативни потези на Таравари се последен чин на еден изолиран лидер, кој се обидува политички да се спаси, додека партијата му се лизга од рацете. Алијансата за Албанците е на крстопат. Со овој самоуништувачки курс политичкиот крај на Арбен Таравари е поблиску од кога било досега.“ – нагласува информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својот редакциски коментар со наслов „Вонредно собрание, или партиски собир на очајни?! Чудните потези на Таравари!“.



Порталот пишува: Неодамнешните настани во Алијансата за Албанците докажуваат дека партијата е во целосен хаос, a претседателот Арбен Таравари ја изгубил целата контрола врз ситуацијата. По заминувањето на најважните личности од партијата, вклучувајќи ги раководителите на ограноците, членовите на раководните структури и познатите активисти, Таравари презема чудни и противречни постапки, кои само ја продлабочуваат кризата. Тие негови потези се последен чин на еден изолиран лидер, кој се обидува да се спаси политички, додека партијата му се лизга од рацете.

Во очаен обид да го зачува ликот како лидер, кој има контрола врз ситуацијата, Таравари објави повик за „Вонредно собрание“, тврдејќи дека оваа иницијатива ја покренале две третини од пратениците на партијата. Но оваа бројка не е за верување, кога ќе се имаат предвид масовните заминувања, што ја погодија Алијансата за Албанците на Таравари.

Во своето официјално изветување Таравари напиша: До мене, како претседател на партијата, пристигна иницијатива од две третини од членовите на Собранието на партијата за вонредна седница … на 23 мај 2025 година во 19 часот и 30 минути во салата на поранешниот Комитет во Куманово.“

Но, само неколку моменти подоцна, и под притисок на горчливата реалност дека мнозинството пратеници си заминаа и повеќе не го поддржуваат, Таравари го претвори „Вонредното собрание “во „партиски митинг со активисти“, каде што ќе се избира шеф на изборниот штаб. Чист чин на манипулација, со цел да се маскира неуспехот да се осигура легитимно мнозинство.

Овие необјасниви постапки доаѓаат токму во време кога Таравари јавно сигнализираше отвореност за соработка со ДУИ, што дополнително ги шокираше јавното мислење и преостанатите структури на Алијансата за Албанците. Овој потег се смета како последен чин на изолиран лидер, кој се обидува политички да се спаси, додека партијата му се лизга од рацете.

Ако продолжи трендот на заминувања со ова темпо од Алијансата за Албанците, а сè укажува дека ќе продолжи, тогаш Таравари ќе се најде во опасност да остане со двајца, или тројца очајни луѓе на чело на партијата, која претставуваше некогаш сериозен глас на Албанците во Македонија, а која денес дегенерира во здружение на разочарани поединци.

Алијансата за Албанците е на крстопат. Со овој самоуништувачки курс политичкиот крај на Арбен Таравари е поблиску од кога било досега.

.



.