„Фол“: Не успева протестот на ДУИ, не им доаѓаат Албанците, одбиваат да го бранат криминалот на милионерите од ДУИ!

„Пропаѓаат настојувањата на ДУИ да организира масовен протест пред Уставниот суд, под изговор дека го бранат Законот за употреба на јазиците. Поставија шатори и се обидоа да направат атмосфера на отпор, но речиси немаат поддршка од Албанците. Албанците велат: ‘Нема да го браниме криминалот на милионерите!“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата редакциска статија, придружена со фотографии, на кои е сосема видно дека речиси и да нема никој од граѓаните-Албанци под тендата пред Уставниот суд, што ја поставија од ДУИ, на која беше планирана „масовна ‘Стража’ за чување на албанскиот јазик“.



„Функционерите на ДУИ вложуваат напор да се зачуваат самите себе, да се спасат од правдата, што им претстои!“ – нагласува „Фол“ во својата статија.