ФОЛ.мк: Колку поголема пропагандата на ДУИ толку поголем бумерангот

Порталот Фол.мк од Тетово бара од ДУИ да не го користи законот за Албанскиот јазик како пропаганда во партиски цели како што тоа го правела партијата со други прашања во последниве десетина години.
Според тетовскиот портал со законот за јазиците ќе се постигне поголема употреба на албанскиот јазик во местата каде што живеат повеќе од 20 % Албанци и во некои други сфери на државно ниво но тој нема да донесе еднаквост на македонскиот и албанскиот јазик во државата.
Тоа за авторот на текстот Ќ. Алиу значи прогрес но не и целосна еднаквост на Албаниците со Македонците во Македонија. Затоа од вицепремиерот Османи и неговата партија ДУИ се бара помалку помпезни најави и претерувања дека направиле нешто големо за Албанците. Затоа што колку пропагандата е поголема толку ДУИ повеќе ќе го почувствува бумерангот кој ќе биде казна за измамата на Албанците.