„Фол“: ДУИ е веќе меѓународно изолирана партија, поради корупцијата во неа и оти стана закана за стабилноста на државата!

„Демократската унија за интеграција ги загуби сите меѓународни симпатии и се претвори во дипломатски изолирана партија. Партијата, која беше некогаш миленичка на амбасадите, сега се соочува со опаѓање на меѓународната поддршка. Оваа радикална промена доаѓа како резултат на внатрешната корупција, која ги нападна нејзините структури и ја претвори ДУИ во закана за стабилноста на државата.“ – нагласува информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својот коментар со наслов „Дипломатски извори: ДУИ е изолирана партија!“.

„Фол“ пишува: Демократската унија за интеграција ги загуби сите меѓународни симпатии и се претвори во дипломатски изолирана партија. Таа владееше 22 години во различни коалиции со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, одржувајќи се себеси во центарот на власта. Сепак, дипломатски извори укажуваат дека на овој златен период му дојде крајот, особено откако во јавноста беше објавена идејата на ДУИ за поделба на земјата, исто така и напаѓајќи ги меѓународните преговори со олеснувачи меѓу Косово и Србија.

Партијата, која беше некогаш миленичка на амбасадите, сега се соочува со опаѓање на меѓународната поддршка. Оваа радикална промена доаѓа како резултат на внатрешната корупција, која ги нападна нејзините структури и ја претвори ДУИ во закана за стабилноста на државата. И покрај тоа што некогаш се сметаше како чинител на стабилноста, ДУИ е сега цел на критики, поради тоа што таа се инсталира во секоја институција, но и поради обиците да создаде централизиран систем, со кој ќе манипулира.

Еден од најновите настани, кои ја истакнуваат деградацијата на ДУИ е обидот да го донесе бегалецот Никола Груевски од Будимпешта,од Унгарија, вршејќи голем притисок врз претседателката на Врховниот суд. Оваа интервенција во правосудниот систем доведе до тоа што амбасадорот на Холандија беше принуден лично да интервенира, „прекорувајќи“ го Али Ахмети за неговите деструктивни влијанија.

Оваа ситуација јасно покажува дека ДУИ, која некогаш беше тесно поврзана со меѓународната дипломатија, сега е целосно изолирана. Со оглед на тоа што корупцијата продолжува да ги поткопува нејзините темели, како и поради немањето дипломатска поддршка, ДУИ се соочува со неизвесна иднина и неизбежен пад од политичката сцена.

Времето ќе покаже дали ДУИ ќе успее да го најде некогаш патот кон политичката рехабилитација и кон враќањето на загубената доверба, или ќе остане засекогаш во сенка, како сеќавање на една партија, која ги држеше некогаш клучевите на власта во Македонија.