„Фол“: Го напушти Таравари и Таир Таири од Теарце, Тетовско, еден од основачите на АА и моќниот глас во партијата и во Вреди!

„Таир Таири, клучна личност на Алијансата за Албанците од општина Теарце, Тетовско, продолжува да биде активен дел од овој политички субјект и во рамки на владината коалиција Вреди. Таири, моќниот глас на Алијансата за Албанците од Теарце, го напушти Таравари!“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Натаму порталот пишува: „Таири беше присутен на прес-конференцијата, што ја одржа групата предводена од Арбен Фетаи, каде што беа обелоденети јасните ставови на Алијансата за Албанците и кога беше нагласено дека АА останува рамноправна во рамките на Вреди и целосно посветена на спроведувањето на владината програма.“

„Со својата долга политичка кариера Таир Таири беше еден од основачите на Алијансата за Албанците и еден од нејзините најважни личности во регионот на Теарце, Тетовско.
Имал разни партиски и извршни функции, вклучувајќи ја и позицијата претседател на огранокот на АА во Теарце. Раководел успешно и со јавни функции, здобивајќи ја довербата и широката поддршка од граѓаните во неговата општина и пошироко.“ – објави „Фол“.