Македонскиот фудбалски шампион славеше против Скопје со 3-0 и ја прекина серијата од пет едно по друго меча во кои не можеше да победи. Во натпревар од нашата Прва лига црвено црните беа убедливи со соседот иако мечот беше отворен дури во завршницата од воведните 45 минути (Фелипе 44) по што Максимов и Џигаури го потврдија успехот кој е прв по оној против Шкендија рано во октомври. Тетовци во меѓувреме беа подобри од Работнички (2-1) за зачувување на разликата на врвот од табелата, но во прилог на Вардар одеше неочекуваниот пораз на Академија Пандев од Победа (0-1).
Резултати:
Вардар – Скопје 3-0
Шкендија – Работнички 2-1
Академија Пандев – Победа 0-1
Шкупи – Силекс 0-1
Пелистер – Ренова 2-1
Табела:
Шкендија 34 (14)
Вардар 23 (12)
Силекс 22 (14)
А. Пандев 21 (13)





