Фицо објасни зошто за Денот на победата оди во Москва

Премиерот на Словачка Роберт Фицо кој е во посета на Загреб одговори на провокативното прашање зошто е на страната на агресорот, со неговата најава дека на 9-тиМај, Денот на победата, ќе отпатува во Москва.



„Знаеме кој не ослободи, никој не може да ми каже дека ослободувањето дојде од запад, ако знам дека дојде од исток“, рече Фицо, додавајќи дека во Нормандија им оддаде почит на војниците кои загинаа ослободувајќи ја Европа и дека ќе замине во Лондон да му оддаде почит на пилотите на РАФ.

„Народите од поранешниот СССР имаа најголем удел во победата над нацизмот“, рече тој.

Ја спомена и изјавата на Каја Калас.

„Како може да му каже на премиерот на модерна држава дека го предупредува да не патува некаде. Како се осмелува да го каже тоа? Ние сме суверена земја. Ова е историската вистина“, рече Фицо и додаде дека не разбира зошто се крена врева околу неговата желба да положи венец на споменикот на непознатиот војник во Москва, пренесе Индекс.хр.

„Ако нешто слично се случи во Лавов или во Киев, нашиот претставник ќе положи венец и таму. Предолго сум во политиката за некој да ми каже што можам или што не можам“, јасно рече тој.

Пленковиќ вели дека постои можност Денот на победата да се слави и во Киев, иако засега нема конкретни информации за тоа.

„Ќе одам во Москва на 9. мај“ – Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ѝ одговори на Каја Калас