Фицо: „Не сакам Словачка да биде под нуклеарен чадор на Франција“

Словачкиот премиер Роберт Фицо остро се спротивстави европскиот нуклеарен штит, што го предложи Макрон, да ја покрие и територијата на Словачка.



„Не сакам Словачка да биде под нуклеарниот чадор на Франција“, изјави Роберт Фицо, цитирајќи ги словачките медиуми.

„И не сакам францускиот претседател да одлучува каде може да се користи нуклеарно оружје“, рече тој.

Еден ден претходно, портпаролката на француската влада Софи Прима изјави дека Франција е подготвена да разговара со европските партнери за различни проекти поврзани со силите за нуклеарно одвраќање, но во секој случај ќе го задржи правото да носи свои одлуки за употребата на нуклеарно оружје.

Макрон предлага да распне „нуклеарен чадор“ над Европа