Фирми под контрола на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска разнесуваат бактерии низ цело Скопје, обвинува екс скопски директор.
Камионите на Јавното претпријатие “Комунална хигиена” оставаат зад себе течност со бактерии која возилата ја разнесуваат низ цело Скопје.
Градската власт не прави ништо—ниту ги мие, ниту ги дезинфицира јавните површини и контејнери, објавува Бојан Христовски, поранешен директор на „Градски паркинг“.
,,❗️Ова не е Скопје на кое ние се сеќаваме!
👏 Огромен број мои сограѓани денес се одзваа на повикот за будење на Данела, но таа сеуште е во хибернација (освен што пали низ Скопје)
Во екот на летната сезона, со температури над 40 степени, Скопје е преплавено со непријатна миризба од сметот кој се цеди од камионите на Комунална хигиена.
Камионите на ЈП “Комунална хигиена” оставаат зад себе течност со бактерии која возилата ја разнесуваат низ цело Скопје.
Градската власт не прави ништо—ниту ги мие, ниту ги дезинфицира јавните површини и контејнери”, пишува Христовски објаснувајќи дека асфалтот лепи, реата е неподнослива, а градот е претворен во легло на зарази.
,,Градот е претворен во јавна депонија, а ситуацијата е критична. Скопје не може повеќе да ја трпи немарноста и садизмот на Арсовска кон жителите и градот.
❗️Градоначалничката директно го загрозува јавното здравје на скопјани и за тоа треба да сноси одговорност!
Дополнително, ЈП “Комунална хигиена” е целосно распадната и нефункционална, не се следат никакви распореди за собирање ѓубре, а прашање е дали има и доволно камиони.
Да Ве потсетам дека додека ние редовно ги плаќаме сметките и огромни средства се слеваат во буџетот на ова јавно претпријатие, токму за време на мандатот на Данела Арсовска се сменија неколку директори и се случија бројни проблеми и скандали во работењето”, пишува Христовски кој поставува реторичко прашање дали претпријатието има соодветна механизација и доволно вработени, или сè е распарчено од директорите на Арсовска?
Христовски најавува дека од страна на Арсовска многу одговори ќе треба да се добијат преку финансиски ревизии откако скопјани ќе и дадат црвен картон на следните Локални избори во 2025 година.






