Компанија „Атриум“ во сопственост на Бобан Мукоски, брат на Крсто Мукоски, на 28 март склучи договор за уште еден тендер за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.



Тендерот што го доби вевчанската фирмае со максимална вредност од 96.000 евра.

Бобан Мукоски е брат на Крсто Мукоски, еден од опозициските пратеници што овозможи двотретинско мнозинство за уставни промени според Преспанскиот договор

Како што објавува ,,Фокус”, фирмата „Атриум“ досега наплатила
1,5 милион евра за тековно одржување државни објекти по пат на договори со некогашниот ПУИК добиени со дампинг-цени, поради што реагирала Комисијата за јавни набавки и нејзини членови, а за дел од овие тендери неодамна беше поднесена и кривична пријава од МВР.

Во последната деценија, АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор со вевчански „Атриум“ склучил рамковни спогодби за тековно одржување вредни 3,3 милиони евра, во чии рамки биле реализирани договори во износ од 1,5 милион евра.

Притоа, две третини или 1 милион евра од овие реализирани средства се наплатени врз основа на договори склучени во периодот од 2012 до 2016 година, за кој всушност се води предистрага.