Најкасно до утре имаат рок осигурителните компании да ги вратат цените на осигурителните полиси по старо. Ова е епилогот од состанокот во министерството за финансии откако пред една недела осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето при регистрација на возилата за 15%.
Парите кои граѓаните ги плаќаат по тој основ се делат на два дела за техничка премија, односно за исплата на штети, и режиски додаток, односно пари за плати на осигурителните компании, сметки, и останато тековно работење.

- „На состанокот Комисијата му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на денешниот ден да им предложи на друштвата за осигурување до крајот на денешниот ден да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на ниво од пред 25 април 2024 година и да ја известат Комисијата во текот на денешниот ден,“ велат од таму.
Состанокот во финансии кој доаѓа по реакциите на агенцијата за супервизија на осигурувањето која децидно се изјасни дека нема основа за ваквото зголемување на цените. Состанокот траеше неколку часа. Пред средбата осигурителните компании преку соопштение информираа дека треба да се земе во предвид реалната пазарна состојба и условите под кои работат осигурителните компании но по состанокот претставниците излегоа од влезот за архива и ги избегнаа камерите.
Во 2023 година осигурителните компании по основ на задолжително авромобилско осигурување заработуваат околу 65 милиони евра.





