Иако постоеше сериозен интерес од барем два клуба од земјата поставена на крајниот запад од континент, патем и актуелен Европски фудбалки првак, младиот креатор на Шкупи не сака да замине. Со партиите што ги имаше во минатите две години на Чаир, Филип Јаневски кој потекнува од школата на Работнички се препорача во клубовите и во земјава, па и во Португалија. Но Филип не сака да потпише надвор, а не останува ни во Чаир, па повеќе заинтересирани се обидуваат да дојдат до услуги на 23. годишниот играч од средината.




