Во синоќешната дебатна емисија на Канал5 „Само вистина“, Филип Петровски(45) долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ, но и „бегалец“ кој еднаш ја напушти и одново се врати во матичната партија, најави дека ќе се кандидира за претседател на партијата на вонредниот конгрес закажан за 23 декември.
Тој рече дека долго размислувал дали да се одлучи за овој чекор, дека се консултирал со семејството, со партиското членство и со лица од дијаспората каде, според него, има поддршка.
Истовремено се пожали дека бил изложен на притисоци од „палатата“ како што го нарече партискиот штаб во центарот на Скопје.
http://www.facebook.com/goce.nikoloski.355/videos/305290516633231/
Тој апелираше дникој да не влијае и да не врши притисок врз делегатите кои треба да го изберат новиот партиски лидер по оставката на Никола Груевски, зашто наместо обедиунување што му е потребно на ВМРО ДПМНЕ може да се случи поголемо разединување во партијата.





