На денешниот брифинг за новинарите, претседателот на СДСМ, лидерот Венко Филипче изјави дека СДСМ се враќа и дека кризата од изборите е минато.
„СДСМ е подигната на нозе и функционална, активна во политичкиот простор и со тоа би рекол првата фаза на стабилизација е целосно завршена“ рече новиот партиски лидер
Тој рече дека периодов ќе е фокусиран, на средби и разговори со членството, раководствата од партијата, претседателите, извршните одбори. Идните чекори на партијата се да се формираат работни групи, со цел СДСМ да биде функционална, а сите партиски тела оперативни.
Најави и целосно нова стратегија на СДСМ.
„Започнуваме подготовка на целосно нова стратегија и таканаречен „Блупринт за социјадемократија“ Овој документ ќе биде новата идеолошка и политичка стратегија за ребрендирање и модернизација на СДСМ. Со него ќе направиме реафирмација на социјадемократските вредности прилагодени на новото време земајќи ги предвид секако новите политики коишто ќе ги презентираме на еден инклузивен начин, со широка платформа во којашто беа вклучени многу фактори што ги делат нашите вредности“-истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешниот брифинг.






