Филипче од Атина: Преку договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка

Венко Филипче, директор на Фондацијата „Едно општество за сите“, денеска имаше обраќање на дводневната меѓународна конференција за мир и одржлив развој, што се одржува во Атина, Грција. Конференцијата е заедничка платформа на Фондацијата „Заев“, „Едно општество за сите“ и Институтот „Алексис Ципрас“ од Грција, организирана по повод шестгодишнината од потпишувањето на договорот од Преспа во 2018 година.



Договорот од Преспа претставува историски момент на лидерство благодарение на кој спор беше трансформиран во соработка.