Филипче и неговите пропагандисти заборавија на средбите на нивниот патрон кој се сликаше без македонско знаме

Лидерот на СДСМ Венко Филипче и неговите пропагандисти кои се обидуваат да ја прогласат Силјановска за предавник затоа што кабинетот на бугарскиот претседател Радев не поставил македонско знаме на неформална средба во Софија имаат двојни стандарди.



Филипче и луѓето што му ја водат пропагандата заборавија или молчат за средбите на нивниот патрон кој се сликаше без македонски знаме.

Екс лидерот на СДСМ и лидер во сенка Зоран Заев кој се смета за ментор на Филипче се сликал без македонско знаме но за тоа молчат и Филипче и неговата пропагандна машинерија.

На една фотографија која ја објавил Заев кога беше премиер јасно се гледа дека на средба со Ердоган нема македонско знаме но тогаш медиумско пропагандната машинерија на СДСМ молчела за настанот.

За разлика од сегашната посета на Силјановска на Софија која беше неоформална и поради тоа и бугарскиот протокол не истакнал македонско знаме Заев тогаш во Анкара бил во официјална посета.

Зошто Филипче и неговите пропагандисти молчеле за Заев а се гласни за Сиљановска знаат само тие и веројатно нивниот ментор.

Дали Филипче со обидот да направи скандал сака да ги покрие криминалните околности и односи со луѓе кои сега се предмет на истрага и прогон од обвинителството е посебно прашање на кое СДСМ не дава одговор.