Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина синоќа на централниот митинг во Струмица побара поддршка за вториот круг претседателски и за парламентарните избори на 8-ми мај.
„Во првиот круг, многумина останаа дома. Многумина сметаа дека нивниот глас не е важен или сакаа да испратат порака. Вчера сретнав еден наш член кој ми рече: Венко, не гласав, се разочарав. Други ми кажаа дека решиле и протестно да гласаат. Јас сите нив ги разбирам“, им рече Филипче на присутните.
„Но пред сите нив, а сега и пред вас – рече тој – исправено стојам и кажувам: СДСМ нема да ве изневери! Не можеме да си дозволиме да молчиме, не можеме да си дозволиме да останеме дома. СДСМ ќе се промени. А јас како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам за вас достапен и со слух за секој проблем. Никогаш СДСМ нема да биде салонска партија, туку партија која живее и работи меѓу граѓаните, меѓу членовите.
Затоа, сите кои сте разочарани, сте останале дома, сте решиле на некој начин да изразите револт, во ред е. Но казната и на парламентарни избори би значела удар за самите вас, не само за партијата. Ќе значи заслабување на партијата која ве уверувам дека ќе се врати многу брзо на правилниот колосек.
Но за тоа е потребна вашата поддршка“, рече меѓу другото, екс-министерот и кандидат за пратеник Венко Филипче во обраќањето што во целостго пренесе СДСМ






