ФЗО: Или усогласување на платите, или генерален штрајк

Ако до први јуни нема усогласување на платите, ФЗО влегува во генерален штрајк. Тие денеска излегоја на предупредувачки протест против Управниот одбор на ФЗО, бидејќи точката за усогласување на платите со Законот за минимална плата е одложена на неодредено време, за после изборите.



Нивните барања покрај усогласување на платите со минималната, се носење на вредносен бод и разрешување на цел Управен одбор“.

-Со оглед дека самите најавиле дека до формирање на нова Влада немаат во план да донесат никаква одлука по овие прашања, останува прашањето зошто постои Управниот одбор, би било поетички да си отидат и да се изберат нов. Ако ова до 15 мај не се реши, ние ќе имаме предупредувачки протести во сите градови. Ако на 1.06 не се реши прашањето, тогаш, стапуваме во генерален штрајк“, рече Бранко Аџигогов, претседател на синдикална организација.