„Секако дека нема да влеземе во Владата без уставните измени. Промената на Уставот е главниот збор во нашата програма. Договорот за Владата треба да има план и рок уставот да се промени за 3 до 6 месеци“ – изјави Арбен Фетаи од албанската опозициска коалиција „Вреди“ и шеф на кабинетот на Арбен Таравари, како лидер на Алијансата за Албанците, односно на крилото во партијата, со кое тој раководи. Фетаи овој став го изнесе во емисијата „Клик Плус“ во одговор на прашањето дали ќе влезат во Влада, која нема да ги усвои уставните измени.





