Фетаи до челниците на ДУИ: Ќе одговарате за огромниот криминал, за милионските тендери, за бајките за „затвореното албанско прашање“ !

„Милионски тендери за себе, а за активистите договори за работа на определено време  со мизерни плати, со цел да ги држат во сиромаштија и зависност, уценети и употребливи за секои избори. Вашите пискотници се параван за огромниот криминал, што го сторивте. Напразно ви е, ќе има отчет и одговорност.“ им порача преку својот фејсбук-профил Арбен Фетаи, вицепремиерот за политики и добро владеење, на Али Ахмети и другите челници и функционери на ДУИ.



Натаму, во објавата Фетаи пишува: Од една страна, „алашвераши“ со Србија и Русија, испробување на судбината во бунарот на желбите на Вучиќ, пасоши за руските олигарси и што уште не; од друга страна, бајки со тапани за затворање на албанското прашање и на двојазичноста.

Ве видовме во изминативе 22 години, веќе ве знаеме и вие сте за нас „прочитан буквар“. Немате ниту легитимитет, ниту кредибилитет. Вашите пискотници се параван за огромниот криминал, што го сторивте. Напразно ви е, ќе има отчет и одговорност.