Фер поздрав меѓу најсериозните кандидати во претседателската трка

Додека партиите не бираат со какви удари се служат во препукувањата меѓу себе, кандидатите покажаа дека може да се има разбирање и почитување. Партиските соопштенија секојдневно покажуваат дека доста се користи црна кампања, се со цел да му се наштети на противникот. Сепак, двајцата сериозни кандидати во претседателската трка, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска – Давкова покажаа дека кампањата може да се тера и тоа како воспитано, само доколку за тоа имаат желба и разбирање.



Претседателот Стево Пендаровски објави фотографија на која е уловен срдечен поздрав меѓу него и Гордана Давкова Силјановска, како што доликува на двајва луѓе кои сакаат да ја освојат довербата на граѓаните токму во натпреварот да се стане татко на нацијата и претседател на сите граѓани.

Тоа се случи на Комеморативната вечер во Музејот на холокаустот што се одржа синоќа во спомен на македонските Евреи, каде двајцата кандидати имале прилика да се сретнат и накратно да се поздрават, а што како чин беше уловено од фоторепортерите.


Фотографијата е објавена на официјалната фејсбук страница, заедно со други фотографии од овој настан.

„Комеморативна вечер во спомен на македонските Евреи кои на 11 март 1943 година биле депортирани во Треблинка“ – напиша Пендаровски.