ФЕРОИНВЕСТ почна со изведба на батериски системи за домаќинства, до 98% помали сметки за струја

ФЕРО ИНВЕСТ започна со изведба наБатериски системи за домаќинства,како начин за драстично намалувањена месечните сметки за електричнаенергија на домаќинствата кои имаатголема потрошувачка.



Со батерискиoт систем на ФЕРО ИНВЕСТ, кој содржи интерактивен софтвер за паметно складирање и управување со енергијата, објектитестануваат независни од електричната мрежа и иматнапојување дури и кога ,,нема струја”, односно во случај на дефект во мрежата.

Како функционира системот?

Софтверското решението на ФЕРО ИНВЕСТ, кое е сопствено дело на инженерите на компанијата и еразвивано во последните две години, во моментот претставува единствен модел за правилно дневнораспоредување и целосноискористување на вишокотелектричната енергија добиена од сонце, со што батерискиот систем работи според потребите на корисникот и остварува најголемизаштеди. Софтверското решение можеда се примени на домаќинства,комерцијални згради, објекти од индустријата и електрани од обновливи извори.

Фотоволтаични панели поставени на објектот се поврзуваат со батерии и заедно се врзани за ПЛЦ управување, а по барање на клиентот може да бидат поврзани и со центарот за мониторинг на ФЕРО ИНВЕСТ.

Решението обезбедува енергетсканезависност на објектот. Имено, во текот на денот, кога постои поволносончево зрачење, произведенатаелектрична енергија веднаш секористи за неопходните потреби, а вишокот оди во батериите. Попладнеи ноќе, кога нема сонце, а кога цените на струјата се далеку повисоки, наместо да се влече електричнаенергија од мрежа, се користискладираната енергија од батериите, со што се прават огромни заштеди. Во објектот има панел на кој корисникотпостојано ја следи потрошувачката наенергија, залихата во батеријата, влечењето енергија од мрежа инеговата сопствената заштеда.

Големи заштеди и енергетска независност 

Пресметките покажуваат дека со инсталација на еден батерискисистем со вклучено софтверскоторешение на ФЕРО ИНВЕСТ, домаќинствата и малите бизниси можеда ги намалат своите сметки за електрична енергија и до 98%.

Нашата компанија веќе имаинсталирано батериски системи во објекти, со кои се докажа дека домаќинствата може да бидат над 90% енергетски независни од мрежата.

Домаќинствата кои со својатапотрошувачка го надминуваат Блок 2 и влегуваат во Блок 3 и Блок 4, аособено оние на кои значаен дел од потрошувачката им е во Блок 4, седомаќинствата кои ќе имаат најголемакорист од батериските системи. ФЕРО ИНВЕСТ нуди батериски системи и за домаќинствата кои веќе имаатинсталирано фотоволтаични панели, а за оние кои немаат, ФЕРО ИНВЕСТ нуди „клуч на рака” решение и изведбаи за фотоволтаиците. 

Систем креиран посебно за секојпотрошувач

Системот се прилагодува на потребите на корисникот, и батеријата се сетирада дава енергија според приоритетитена потрошувачка кои ќе ги изберекорисникот, се’ со цел што помалкуили воопшто да не се повлекуваенергија од мрежата.

Најголемите поволности од системотсе големата заштеда, односнопотрошувачот е заштитен од високисметки, како и енергетскатанезависност на објектот.

Препознавајќи ја важноста која оваа инвестиција ја има за енергетската транзиција, банкарскиот сектор е отворен за кредитирање на овие инвестиции, како со домашни средства, така и со посебна кредитна линија на Европската инвестициска банка преку македонските банки.