Шпанскиот ветеран и британската прва тенисерка се најголемите „жртви“ во првиот ден од УС Опен, откако не успеаја да се пласираат ниту во второто коло од Гранд Слем турнирот во Њујорк. Давид Ферер, кој играше солидно на последните турнири, беше изненаден во пресметката со Кукушкин, губејќи со 1-3 во сетови. Шпанецот одлично го почна мечот и поведе со 1-0, но потоа следеше огромен пад во неговата игра, па Кукушкин ги доби следните три гејма со 6-3, 6-2, 6-1, за заслужен пласман во следната рунда.



Александра Круниќ, која во квалификациите за Вимблдон ја елиминираше нашата Лина Ѓорческа го приреди најголемото изненадување на женскиот дел од Флешинг медоу совладувајќи ја Јохана Конта. Британката дури и прва поведе, но потоа Круниќ презеде контрола и ги доби следните два сета со 6-3, 6-4 за една од своите најголеми победи во кариерата.

137 њујоршки тениски Гренд Слем започна синоќа, а ќе трае до 10 септември. Кај девојките титулата ја брани Анжелик Кербер, а кај машките никој, зошто ланскиот победник Стен Вавринка не игра поради повреда.