Швајцарскиот тенисер Роже Федерер ќе игра во финалето на Вимблдон, откако во второто полуфинале го победи Томаш Бердих од Чешка со максимални 3-0 во сетови. Првите два сета Федерер ги доби во тај-брејк со по 7-6, а во третиот беше 6:4.
Швајцарецот во финалето ќе игра со Хрватот Марин Чилиќ кој се помачи со Сем Квери затоа што губеше по првиот сет (7-6), но потоа ги доби следните три (6-4, 7-6 и 7-5).
Федерер ќе игра за осмиот трофеј во Лондон и 19. на сите големи турнири, а Чилиќ за прв пат е во финалето на Вимблдон, а има еден Гренд Слем од САД Оупен во 2014. година.
Машкото финале на програмата е в недела, а утре во женска конкуренција за трофејот ќе играат Гарбине Мугуруза (Шпанија) и Венус Вилијамс (САД).





