Роже Федерер го победи Марин Чилиќ со 3-2 во сетови во финалето на Австралија оупен и дојде до 20 титула на тениските Гренд Слем турнири. 37 годишниот Швајцарец имаше тежок меч во кој и далеку помладиот Хрват имаше шанси за триумф во затворената, поради високите температури, Род Лејвер арена. Федерер поведе со 6-2, Чилиќ се врати во тај брејк. Потоа Швејцарецот со 6-3 дојде до ново водство, но и доживеа враќање на Чилиќ со истиот резултат. Се се „прекрши“ по 3 часа игра кога Роже пронајде сила и продолжи уште посилно, а Марио едноставно застана, па со 6-1 го затвори финалето кое му го носи шестиот пехар во Мелбурн. Ова беше десетти меѓусебен меч на Федерер и Чилиќ во минатите десет години и втор финален по ланскиот Вимблдон, а Роже има девет победи. За последната во Мелбурн тој ќе заработи 4 милиони австралиски долари и нови поени кои наскоро ќе го вратат и на првото место на АТП листата.