Кој друг ако не дежурниот мајтапчија на Фејсбук, Иљче Затаракоски, ја има објавата на денот во која ги поврза деновиве сеприсутниот директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, при гасењето на пожарите низ Македонија и олимпискиот оган, кој првпат во историјата на олимпијадите во Париз ќе лебди 30 метри над земјата во котел врзан за балон, од кој ќе го осветлува „градот на светлината“ за време на Игрите.







