„Фајненшел тајмс“: ЕУ да го исполни ветеното за Западен Балкан

„Европа во никој случај не смее да се откаже од своите намери да ги приклучи земјите од Западен Балкан кон Европска унија. Впрочем, државите од Западен Балкан географски се опкружени од членки на ЕУ“, се вели во анализата на весникот „Фајненшел тајмс“.



„По долга пауза, Европска унија е подготвена повторно да дебатира за проширување на границите“, пишува весникот и потсетува дека уште минатата година претседателот на Европска комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, ветил јасна перспектива за членство во ЕУ на шесте држави од Западен Балкан.

„По претставувањето на стратегијата за Западен Балкан, ако ЕУ очекува тие да ги исполнат сите услови за пристапување, тогаш тие ќе бидат оставени далеку во времето“.

Британскиот весник предупредува дека Европа нема право да се откаже од своите намери, „бидејќи Русија и Турција ќе го заземат нејзиното место“.