По локалните избори за коалициска влада на Зоран Заев со албанската партија ДУИ, почнува вистинската работа, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ оценувајќи дека поддршката што ја дадоа македонските гласачи за владејачката партија е повеќе од избор на градоначалници и општински советници.
Тоа беше за идниот курс на земјата.
Меѓу другото, премиерот Зоран Заев (ќе) сака да ѝ пријде на Грција со надеж дека Атина нема да го користи „правото на вето против пристапувањето на ПЈРМ во НАТО и нема да продолжи да го блокира почетокот на пристапните преговори со ЕУ”, пишува весникот во текстот што го пренесува грчки медиум.
Со цел да ја добие довербата на Грција, новата влада може да укине некои од претходните одлуки на владата на Груевски, кои од страна на Грција се сметаа за особено провокативни, како што е името наскопскиот ареодром „Александар Велики“ за кој грчкиот народ смета дека ја узурпира неговата историја.
Германскиот весник се прашува дали засилувањето на позицијата на владата по локалните избори може да има и друга димензија во однос на бегалците и затворањето на таканареченаиот балкански коридор.
„Дали новиот моќен човек во Скопје е подготвен да ја демонтира бодликавата ограда која предизвика голема огорченост во Атина“, пишува ФАЦ како што пренесуваат грчки медиуми.
„Кога Груевски ја градеше бодликава жица, тој доби отворени пофалби од Виена и од Будимпешта и прикриена подршка од други европски престолнини, тогаш опозиционите социјалдемократи тврдеа дека во 21 век ѕидовите не се одговор на бегалските бранови…
Весникот се прашува дали ова ќе значи менување на политиката на „гумена палка во Скопје“, односно отворање на Балканската рута.
Поддршката на Груевски пред локалните избори од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој го нарече (Груевски)„единствената надеж дека Македонија ќе стане членка на ЕУ“, не доби никакво значење, констатира ФАЦ.
Ниту неговите пофалби ниту постојаната поддршка на неговиот лик, како човек кој изгради „ѕид со Грција и со тоа да ја затвори Балканската рута“, го пренесуваат пишувањето на ФАЦ грчки медиуми.





