Пред два дена, во полицискиот билтен беше запишано приведување на крадци во Куманово, Тетово и селото Боговиње, но без детали што точно сакале да украдат, каква штета направиле и слични детали.
И можеби вака регистрираната информација ќе останеше како вообичаена улична битка со криминалци, да не беа медиумите на албански јазик во земјава.
Имено Лајм објавува дека во позадина на наводната борба со крадци е всушност обид за атентат врз обвинителката Фатиме Фетаи, и тоа во нејзиниот дом. Неколку од сомнителните автомобили поврзани со наводните крадци биле стационирани пред нејзината куќа во Боговиње, и како што пишува Лајм повикувајќи се на свои извори, имале лажни регистарски таблички.
Полицијата ги разгледува и снимките од камерите во околината на домот на Фетаи.





