Осомничениот баран во врска со тројното убиство на сопругата и двете ќерки на новинар на Би-Би-Си, бил пронајден вчера во Лондон, јави Си-Ен-Ен.
Потрагата по Кајл Клифорд (26) започна во вторникот вечерта, кога полицијата била повикана во куќа во Буши, Хертфордшир, каде пронашла три жени тешко повредени.
Керол Хант (61), сопруга на коментаторот на Би-Би-Си, Џон Хант, и нивните ќерки Хана Хант (28) и Луиз Хант (25), подоцна починале од раните, според изјавите на полицијата и британската јавна телевизија во средата.
Се верува дека тие биле убиени со самострел, но не се исклучува дека можеби било употребено и друго оружје.
Осомничениот Клифорд, за кој полицијата предупреди дека можеби е вооружен со самострел, бил пронајден во северен Лондон во средата попладне и моментално е на лекување поради – повреди.
Се верува дека осомничениот им бил познат на жртвите“, јавија полициски извори.
Клифорд ја напуштил британската армија во 2022 година по краток период на служба…






