Фантастични 100 милиони евра е штетата од ,,ТОРНАДОТО ДАНЕЛА”, анализира Фокус во своето најново печатено издание.
Контроверзната градоначалничка на Скопје во анализата се споредува со елементарна непогода.
Во анализите за работата на Град Скопје откако на чело е Данела Арсовска се вели дека штетата е речиси колку еден цел годишен буџет на главниот град.
,,Од мандатот на Арсовска останува уште цела една година, но направената штета, според досегашните проценки во Градот, е повеќе од 100 милиони евра. Оваа вртоглава сума е потребна за да се поправи „торнадото“, пишува Фокус во своето печатено издание.






