Фалсификуван потпис на сопругата на режисерот Ацо Поповски

Професорката Наталија Поповска демантира документ објавен од порталот Ако.мк според кој таа се потпишала на петиција на Институтот за национална историја и тврди дека нејзиниот потпис, кој стои на петицијата е фалсификат:



“Во врска со статијата во која се спомнува петицијата на вработените од ИНИ и ДАРМ, би сакала да укажам дека информцијата со која се тврди дека сите вработени во ИНИ се потпишале не е точна. Имено, еден дел од вработените не се потпишани. Најдоговорно тврдам и изјавувам дека потписот на конкретната петиција не е мој. Дрскоста некој да се потпише во мое име е преголема и повлекува кривична одговорност“, пишува до порталот Ако.мк доц. д – р Наталија Поповска одделение за античка и средновековна историја, инаку сопруга на режисерот Александар Поповски.