Да не се повтори 2008 година кога животот го загуби едно лице, предупреди македонската редакција на „Дојче веле“ во врска со немилите настни, „црна кампања“ и насилните инциденти кои деновиве се случуваат пред локалните избори во Македониј.
Вчера околу 15.25 часот на улица „Тале Христов“ во Скопје-Север,непознат сторител искршил две прозорски стакла и врата, на штабот на политичката партија ДУИ.
Ова беше последниот инцидент во пресрет на локалните избори во кои досега беа регистриани потешки дела како застрелување на незисен кандидат за советот на опшина Кичево и на негов соработник, напад со секира во Шуто Оризари, вперувањде оружје во глава на кандидат за градонслелник…
Од Европската комисија изразиле загриженост за немилите настани во Македонија и тоа токму во моменти кога се разгледува опцијата на Македонија да и се продолжи или не, препораката за почнување преговори за прием во ЕУ.
Нападотот врз кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, ги засили предупредувањата да не се повтори 2008 година, кога животот го загуби едно лице,.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.
Во Македонија во минатото на збори имаше и загинати, а сите инциденти одеа на негативното конто на гарнитурата на власт.





