Инфлуенсерот и сценарист Божидар Божиновски алијас Моџо Килингтон ги коментира владините фалби со јубилејот 4 години во НАТО и мизеријата на 250 илјади Македонци.
Божиновски прави споредба колку сиромаштија имало во Македонија пред влезот и по влезот во НАТО.
“Четири години членство во нато”
2020: 400.000 сиромашни
2024: 650.000 сиромашни
Инвестицискиот бум од членството е очигледен”, пишува Божиновски индиректно потсетувајќи на зборовите на СДСМ и ДУИ кои велеа дека со членството во НАТО ќе се отворат пазарите и Македонија покрај безбедносните добивки ќе има и економска ќар.






