Гасот за греење на скопјани ќе го носи бугарска компанија со која за прв пат се склучува оваа набавка во Македонија.



Компанијата  Sustainable Energy Supply од Бугарија доби комплет договор за сите месеци од октомври 2024 до јануари 2025, дознава Фактор.

Формирана е во 2020, но како што може да се прочита на нејзината интеренет страница, брзо се етаблирала во Бугарија и во регионот со трговијата на природен гас, а планира да гради и гасна централа за производство на електрична енергија во Бургас.

Во пребарувачот на Централниот регистар во Македонија не може да се провери дали оваа компанија има своја филијала, односно подружница во Македонија.

ЕСМ ќе го плаќа гасот авансно по неколку пати во месецот, а продавачот ќе треба да достави банкарска гаранција од 63 милиони денари како сериозност за испораката.

Трошоците за пренос на испорачаните количини на природен гас и трошоците за балансирање на системот за пренос на природен гас ги покрива Купувачот“, наведено е во договорот постигнат помеѓу двете страни, дознава Фактор.