Владо Камбовски е етаблиран доктор на правни, науки, академик, а своевремено и министер за правда. Но и врвен инвеститор во акции, пишува Фактор.мк. Неговите вложувања во акции на „Комерциална банка“ и на ТТК Банка денеска достигнале вредност од 1,4 милиони евра, а само од дивиденда на своите акции во „Комерцијална банка“ неодамна добил 50.000 евра
Неодамна пак универзитетскиот професор по кривично право бил акционер во „Комерцијална банка“. Таму поседува 3.900 акции чија денешна пазарна вредност е 1,37 милиони евра. Освен во најголемата деловна банка во Македонија, Камбовски поседува и 1.738 акции во ТТК Банка. Нивната последна пазарна вредност е околу 40.000 евра.
Информацијата за тоа колку акции Камбовски поседува беше објавена овој месец на берзанскиот информативен сервис СЕИ-НЕТ. Тоа беше дел од законската обврска за објава на податоци за лице кое членува во надзорен одбор на банка. Камбовски е член на огранот за надзор на работата на управниот одбор во ТТК Банка.
Камбовски иако врвен правник и експерт – кривичар има корисни и применливи знаења и од областа на финансиите. Неговите вложувања во акции на „Комерцијална банка“ пред два месеци му донеле добивка од 50.000 евра дивиденда од добивката што банката ја распредели на своите вработени од ланското работење.





