Фабриките за чоколадо ја прекинаа работата, новите цени на овој деликатес би ни го загорчиле животот?!

Главните африкански фабрики за какао во Брегот на Слоновата Коска и Гана ја запреа или ја прекинаа обработката затоа што не можат да си дозволат да ја купат суровината, изјавија извори за Ројтерс, што значи дека цените на чоколадото ширум светот веројатно ќе пораснат. Дел од компаниите во овие земји, пак, го намалија производството за 20% бидејќи тешко обезбедуваат суровина. Ова може дополнително да ја зголеми цената на какаото која минатиот месец достигна 5.874 долари за тон и се заканува да се одрази на цената на производството на чоколади.



Се проценува дека проблемот ќе биде уште поголем бидејќи  овогодинешниот род би можел да биде послаб од ланскиот  за повеќе од 10%. Производителите на чоколада веќе ги зголемија цените по три години лоша жетва на какао, а се очекува да пропаднат во четвртата во гореспоменатите две земји кои произведуваат речиси 60 отсто од какаото во светот, пренесува Ројтерс.

Цените се зголемени повеќе од двојно во текот на изминатата година.

Потребно ни е масовно намалување на побарувачката, бидејќи веќе има масовно намалување на понудата“, вели Стив Вотериџ од Tропикал Рисрч Сервисис, светски експерт за какао.

Производителите на чоколада не можат да направат чоколада со сурово какао и се потпираат на процесори за да ги претворат зрната во путер и пијалак што може да се направи чоколадо. Но, преработувачите велат дека не можат да си дозволат да ја купат суровината. Државната фирма за преработка на Брегот на Слоновата Коска, Tранскао, е една од деветте најголеми фабрики во земјата. Два неименувани извори од индустријата рекоа дека фабриката е речиси без работа, пренесува Ројтерс.

Еден од двата извори изјави за Ројтерс дека повеќе големи државни фабрики меѓу најголемите одгледувачи на Брегот на Слоновата Коска наскоро би можеле да се затворат. Производителите на чоколади  веќе ги зголемија цените повеќе  од двојно во текот на изминатата година.