Управата за јавни приходи (УЈП) започнува со присилна наплата на долговите на граѓаните и фирмите кои не платиле радиодифузна такса до 30 јуни, стои во соопштението објавено на интернет-страницата на УЈП.
Од УЈП им препорачуваат на граѓаните навремено да проверат дали имаат долгови, како и нивно плаќање, со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци.
– Потсетуваме дека до донесувањето на најавената измена на законот за укинување на радиодифузната такса, обврзниците имаат законска обврска да ја плаќаат оваа јавна давачка, а за неплатените обврски УЈП има законска обврска да ги преземе сите мерки за наплата – се наведува во соопштението.
Новата влада во предизборната кампања најавуваше дека ќе ја укине радиодифузната такса и дека ќе ја олабави политиката на казнување на граѓаните.





