Уште 40 загинати во израелски напади врз Либан

Во израелските воздушни напади над Либан во изминатиот ден загинаа повеќе од 20 луѓе, меѓу кои и неколку деца,пренесе  „Ројтерс“, повикувајќи се на изјави на либанските власти, по ноќните напади во јужните предградија на главниот град Бејрут.



Најмалку седум лица загинаа во крајбрежниот град Тир доцна во петокот, соопшти либанското Министерство за здравство.

Најмалку уште 16 лица загинаа во израелските напади во вчера во источните рамнини околу историскиот град Баалбек, рече гувернерот на областа во објава на платформата ‘X’.

Израелската војска не одговори веднаш на барањето за коментар.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во текот на минатата година во израелските напади загинале најмалку 3.136 луѓе, а ранети се 13.979 лица . Меѓу нив има 619 жени и 194 деца.

Израел се бори против либанската вооружена група Хезболах од октомври 2023 година, но борбите драматично ескалираа од крајот на септември оваа година.