Одобрен е заем од 20 милијарди долари за Украина од САД како дел од програмата за вонредно зголемување на приходите за функционирање на Владата на Украина.
Парите ќе бидат распределени преку УСАИД а во рамките на заложбата на земјите од Г-7 за обезбедување вкупно 50 милијарди долари со цел да се одговори на критичните и итни финансиски потреби на Украина, се наведува во денешното соопштение од УСАИД.
Заемот од 20 милијарди долари ќе обезбеди итна поддршка за Украина и ќе биде отплатен преку идните приходи од руските активи запленети од Европската Унија.
Администрацијата на Бајден има за цел да ја стави Украина во најсилната можна позиција и ќе продолжи да презема значајни чекори за помош на земјата во нејзинат аборба против Русија и за иднина што ја заслужува.






