Гоце Ристов вчера до ДИК ја доставил својата иницијатива за собирање на потписи. Тој е 14тиот кандидат кој ќе се обиде да стигне до бројката од 10.000.



На последниот пресек, заклучно со вчерашниот ден може да се види дека тој нема собрано ниту еден потпис.

Ристов, потписите ќе ги собира во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата“ – објави вчера ДИК

Во претседателската трка веќе влегоа 7 кандидати: Прв до 10.000 стигна Бујар Османи по што следеше Таравари, Димитриевски, Ванковска, Јакимовски, Силјановска и Пендаровски.