Минималната температура ќе биде од 6 до 15, а Mаксимални 25 до 31 степен, предвидуваат метеоролозите за денеска.



Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 29 степени.

Според УХМР, до сабота ќе преовладува сончево и топло време.

Во недела ќе има значителна промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.