Уште денеска собирање потписи за кандидатите за претседател

Вечерва во 24 часот, завршува рокот за собирање граѓански потписи за претседателските избори, кое почна пред точно две недели, на 23 февруар.



Граѓаните ќе може до го дадат својот потпис во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК).

Потребниот минимум од 10 000 потписи за претседатеската кандидатура досега освоија – Бујар Османи (ДУИ), Арбен Таравари (коалиција „Вреди“), Максим Димитриевски (Движење ЗНАМ), Стевчо Јакимовски (ГРОМ), Билјана Ванковска-Цветковска (Левица), како и кандидатите на СДСМ, Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.

Останатите осум кандидати сè уште се во процес на собирање на потписите, но според податоц ите од ДИК кај  нив бројот на собрани потписи е најмногу до 2.100.