Извори во ДУИ велат дека на министерот за правда Биљал Салији кој заедо со Оливер Ристовски, заменик на министерот од редовите на СДСМ им помагал тим на странски и домашни експерти меѓу кои главна позиција имал еден од странските медијатори при потпишувањето на Охридскиот Договор.
Партиски извори велат дека пишувањето на законот кој го предлага партијата на Ахмети е координиран од Питер Фејт кој во 2001 година помогна да се потпише рамковниот договор.
Питер Фејт во 2015 година на барање на ДУИ ја промовираше анализата спроведување на Охридскиот рамковен договор. Тогаш дел од медиумите цитираа дел од преговарачите според кои ДУИ преку анализата сакала да ги стави на агендата на работната група т.н. етнички прашања во прв ред Законот за јазици.
Активноста на Питер Фејт кој во албански кругови се споменува како неформален советник на Али Ахмети за ДУИ е доказ дека законот е направен според европските стандарди и дека затоа законот соодветно е означен со европско знаменце.
Македонски правни експерти се уверени дека законот е напишан од странец затоа што во него има толку многу правни небулози и спротивности со домашното законодавство што домашен правник не може да ги напише а да не се срами од нив.
Холандскиот дипломат пред неколку години беше специјален претставник на ЕУ и администратор на ОН во Косово.





