Утрово сам се пријавил полицаецот од Кочани по кој се трагаше

С.Д. од Штип, пензионираниот полицаец кој од завчера беше недостапен за организте на прогонот, утрово сам се пријавил.



„Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка“, информираа од ОЈО ГКК.

С.Д. е меѓу 10-те нови полициски службеници, кои од завчера се опфатени со истрагата за пожарот од Кочани.

Како што информираа од МВР меѓу седумте службеници, кои требаше да бидат обезбедени од полицијата е и пензиониран началник на полицијата во униформа во Штип, кој не бил најден од своите колеги. Се работи за долгогодишен полицаец, кој целиот свој работен век го помина во СВР Штип, а дел од неговото семејство работи во штипската полиција.

МВР соопшти дека С.Д. во времето на извршувањето на кривичното дело бил на работното место главен инспектор за сообраќај во Одделение за полиција во СВР Штип.

Шестмина полицајци вчера добија мерки за претпазливост. Тројца од осомничените се претходно обезбедени. Плусинфо