Денеска во СВР Скопје од две средни училишта во Скопје било пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа.
Веднаш биле преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, соопшти МВР.