Утре ќе се знае новата цена на струјата

Регулаторот ги прави последните пресметки за новата цена на струјата од 1ви Јануари. На утрешната прес конференција ќе бидат соопштени одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).



АД ЕСМ на последниот тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови што е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа цена има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според неги, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти во третиот и четвртиот блок