Сара Пројовска и Андреја Ѓоргиевски кои трагично ги изгубија животите во пожарот во дискотеката во Кочани,ќе бидат погребани утре во Скопје.
Андреј Ѓоргиески, беше пејач на дуото „ДНК“, а Сара Пројковска, професорката по пијано на Факултетот за музичка уметност беше и придружен вокал на групата.
„Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор м-р Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток, на гробиштата во Лисиче. Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот“, известија од Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Од семејството на Андреј од ДНК соопштија дека погребот ќе биде утре, во 10 часот во капела Бутел, Скопје.





