Утре и на 8 мај трговците не смеат да работат

Трговците утре и на 8 мај не смеат да работат, велат од Државниот пазарен инспекторат. Во соопштението од Пазарна инспекција се вели дека работодавачите на денот на одржување на претседатеските и парламентарните избори не смеат да работат, со исклучок на оние каде работните процесите поради својата природа не можат да се прекинат.

„Утре и на 8 мај Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали заклучокот на техничката Влада се почитува од страна на работодавачите“, велат од Пазарна инспекција.



Владата на 16 април донесе одлука 24 април и 8 мај да бидат неработни за сите граѓани. Оваа одлука е спротивна од онаа која Министерството за труд и социјална поликата ја доставила до Владата со предлог да биде усвоена. Во одлуката на Министерството стои дека ‘се препорачува‘ 24 април и 8 мај да бидат неработни денови. Но, во владината одлука делот ‘се препорачува‘ се брише.